Вчерашниот инцидент што се случи во Мала Речица, по вооружената престрелка каде што еден жител на Куманово беше убиен, а двајца повредени од кои еден сериозно, без сомнение ги загрижи сите граѓани, пишува Фол.
Според еден анонимен сведок пресметката која се случила на улица 167 во Мала Речица личела на сцена од филмовите, која се случила меѓу две групи, не бирајќи место и загрозувајќи многу невини луѓе од Мала Речица, а меѓу нив и многу деца.
Жителите на Мала Речица се длабоко огорчени од овој настан.
Тие велат дека овој случај не е прв, имало уште еден случај пред неколку години, кога било нападнато и седиштето на ДУИ, каде што имало многу жртви, а бил користен тежок арсенал на оружје, што ги изложило на ризик куќите и жителите кои живеат околу седиштето на ДУИ.
Овие случки, како што велат жителите на Мала Речица ја расипаа сликата за селото, ги загрозуваат животите на нејзините жители најчесто поради инциденти кои настанале во седиштето на ДУИ и ова населено место го трансформира во место небезбедно за живеење.
Жителите сметаат дека партиските седишта не треба да бидат во близина на приградските населби, и дека истите треба да бидат во градот или во центарот, каде што има поголемо присуство на полиција и во населби кои не се населени со жители како што е случајот со Малата Речица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст