| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска полицијата ги обезбедува сите влезови во Куманово

Засилено полициско присуство во Куманово по синиќешното убиство во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица. Во вооружена престрелка беше убиен Наим Реџепи, функционер во партијата и сериозен кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Бројни полициски сили ги обезбедуваат сите влезови во градот уште од синоќа и поради одлуката за случајот Алмири што ја донесе судот вчера.

Граѓаните се многу исплашени од зголеменото присуство на полицијата во овој град, пренесува Алмакос.

Кумановскиот огранок на ДУИ со сериозен проблем – за 3 години убиени двајца кандидати за претседатели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top