| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен еден од најопасните мафијаши во Европа

Италијанската полиција го уапси еден од водачите на најопасната мафијашка група во Европа. Џузепе Пеле, 57, бил приведен во неговиот дом во Кондофури, мал град на планинскиот масив Аспромонте.

„Ова е особено важно апсење поради тоа што Пеле е меѓу оние што ги носеа стратегиските одлуки на Ндрангета“, рече обвинителот Гаетано Паци. Според италијанската агенција АНСА, Пеле треба да одлежи 2,5 години затвор за членство во мафијата и обид за изнудување, а доби и втора потерница додека беше во бегство за други злодела поврзани со мафијата.

Полицијата го опиша како висок член на Ндрангета од Сан Луче. Ндрангета ја надмина сицилиската Коза ностра како најмоќна мафијашка група и се смета за водечки шверцер на кокаин во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top