| четврток, 6 декември 2018 |

Ова треба да го направите со првото обоено јајце- чувар на куќата од минатата година

Првото вапцано јајце во домаќинството се нарекува чувар на куќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.

Мајките ги тријат децата со тоа јајце по бразите и рамената за да бидат румени и здрави.

Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните. Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top