На граничниот премин Табановце вчера едно лице се обидело да ја помине српско-македонската граница со сомнително возило, а друго лице со фалсификуван пасош.
Според МВР, вчера во 14 часот спрскиот државјанин А.Ф. (23) од Бујановац се обидел да влезе во земјава со патничко возило Мерцедес, кај кое било констатирано дека VIN бројот отстапува во оригиналниот, односно немало типска налепница.
Исто така, од полицијата информираа дека два часа подоцна при контрола на Б.К. (22) било утврдено дека имал фалсификуван пасош, односно преправан бил штембилот под кој имало втиснато штембил со впишана забрана за влез во земјите членки на Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст