| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги исчистите рацете по бојосување јајца

Еден од начините да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет. Ставете малку оцет на дланките и тријте со четкичка. Исто така, можете да ставите оцет на крпа или сунѓерче и ги истриете обоените места.

Друг начин е наместо оцет да користите лимон. Преесечете еден лимон на половина, исцедете го , па на внатрешната страна од кората ставете малку сол и истријте ги обоените места.

Делува и ако ги измиете рацете со сора бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода и ставете сода бикарбона на обоените места. Тријте со четкичка додека не излезе целата боја.

За кој и да било начин да се одлучите, откако ќе ги измиете рацете, намачкајте ги со крема, зашто и оцетот, и лимонот и содата ја иритираат кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top