| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА предвреме го најави новиот првак во ЛШ, фановите збеснаа

Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона и Ливерпул влегуваат со голема предност за пласман во полуфиналето и единствено можат самирњ да си ги закомпликуваат работите и да дозволат чуден резултат и изненадување. Сепак, она што предизвка бура од реакции на социјалните мрежи е еден контроверзен твит а УЕФА.

Европската куќа на фудбалот одлучи да направи свој тип и предвреме го најави Реал Мадрид како нов шампион во Лигата на шампионите, а тоа останатите фанови на другите тимови го сфатија како големо непочитување и побараа од УЕФА да покажат повеќе респект кон останатите тимови бидејќи се уште станува збор за четвртфинална фаза.

Објавата на УЕФА предизвика навистина огромен број на реакции, а преовладуваа одговорите во кои како најголема опасност за „кралевите“ беа посочени Лео Меси, Јуп Хајнкес, Ливерпул…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top