Поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е осудена на 24 години затвор поради злоупотреба на власт, корупција, принуда, примање поткуп и оддавање државни тајни.
Против Парк беа покренати вкупно 18 обвиненија, а обвинета е за 16 од нив.
Претходно јужнокорејски судија соопшти дека поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е виновна за злоупотреба на службена положба и принуда.
Случајот против Парк се одвива во централниот окружен суд во Сеул, а обвинителите побараа казна од 30 години затвор.
Парк Геун-хе беше уапсена во март 2017 година и од тогаш се наоѓа во притвор во близина на Сеул. Таа беше отстранета од власт на почетокот од минатата година, по неколкумесечни масовни протести против неа, во кои учествуваа милиони луѓе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст