| четврток, 6 декември 2018 |

Стојанче Стоилов повреден, ја пропушта контролата со Русија

Машката ракометна репрезентација на Македонија на контролниот меч против Русија, в сабота, ќе настапи и без првиот пикер, Стојанче Стоилов. На единствениот контролен дуел во оваа фаза од подготовките, нема да настапи ни капитенот Кире Лазаров кој ќе биде на поштеда на барање на Нант.

Стоилов на вчерашниот тренинг добил повреда на препоните и ќе мора да мирува во наредните две-три недели. Повредата на Стоилов доаѓа во незгоден период во кој со Вардар наредната недела му престои настап на Ф4 турнирот во СЕХА, а потоа и четвртфиналниот дуел со Кил во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top