| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се двајцата ликвидирани кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ (ФОТО)

Синоќешната престрелнка во Мала Речица не е прв пат во ДУИ со огнено оружје да се решаваат дебати и несогласувања. Пред три години, во јули 2015 година во кумановската населба Бедиње, беше убиен Џемаил Реџепи познат како Командант Шчипоња.

Најсериозниот кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Наип Реџепи, синоќа беше убиен пред седиштето на партијата во Мала Речица.

И тој како и Џемаиљ Реџепи важел за најсериозен кандидат за лидер на партискиот огранок – едниот во 2015 година, другиот сега.

Во 2015 година медиумите пишуваа дека Командант Шчипоња негодувал околу изборот на тогашниот претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети.

Синоќа пак, како што објавија некои медиуми, причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски фунцкионер, а другата се поврзува со актуелен член на Советот на Општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на интегративците.

Се шпекулира дека Наип Реџепи според бил главен кандидат за претседател на кумановскиот огранок или за висока позиција во извршната власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top