Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени, соопшти Основното јавно обвинителство-Тетово.
Од обвинителството информираат дека во организирана акција со полицијата, уапсени се две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје. Причините за настанатата престрелка засега се непознати.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици“, се наведува во соопштението.
Основното јавно обвинителство – Тетово ќе продолжи со дејствијата се до целосно расветлување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


