
Премиерот Зоран Заев не знае дека веќе два месеци во Вашингтон престојува одбрамбено аташе без да биде именуван со потпишан Указ од претседателот Ѓорѓе Иванов, само со одлука на министерката Радмила Шеќеринска и дипломатски пасош по налог на Никола Димитров.
Заев денеска прв пат ја слушнал информацијата од новинарот на Алфа кој му поставил прашање.
-Прв пат слушам за оваа проблематика. Ве молам да се доинформирам од службите како тоа се случило и секако ќе постапиме сигурно согласно закон и согласно меѓународните стандарди кои важат за Македонија, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на Р. Македонија
Одбрамбеното аташе, поранешниот воен разузнавач Ивица Ампов е испратен во Вашингтон на 5 февруари, со одлука на Шеќеринска без интерен оглас, врз основа на што Димитров искористувајќи го своето дискреционо право одобрил да му биде издаден дипломатски пасош за да може да замине. Детали оттаму не откриваат, ами само дека потпис на пасошот ставил „надлежен во секторот за дипломатски и службени пасоши и визи при директоратот за конзуларни работи“.
А за повеќе детали ги пратиле информации да бараме во Одбрана.
Од Алфа претходно се обратиле во надлежното министерство од каде потекнува одлуката за Ампов. Оттаму прво се повикале на Правилник донесен пред 4 години, за упатување на работа во странство, донесен од министерството, во кој во член 5 стои дека „министерот може без објавување на интерен оглас да упати лице на работа надвор. Но овој член не важи за воени претставници како што е одбрамбеното аташе. Што практично значи дека министерството го крши законот за одбрана според кој единствено надлежен за ова прашање е врховниот командант – шефот на државата. Зошто и покрај ова одлуката е донесена, Алфа се обратила во Одбрана, но оттаму место објаснување добиле ироничен одговор:
„Ваквото отворање на стара тема открива нервоза поради неколку работи – покачените плати во АРМ, отворањето на шанса за вработување на младите во АРМ и тоа што Македонија не остана без воен претставник во САД, кои се наш стратешки партнер“, објаснуваат од МО.
Инаку Иванов согласно процедурата, го известил министерството за одбрана на 13 септември дека има намери да го отповика Методи Хаџи Јанев, а Указот за ова го донел на 4ти декември. Во меѓувреме, на 15 ноември, официјално побарал од министерството да му достави предлог кандидати за ново одбрамбено аташе. Но одговор никогаш не добил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


