Твитер денеска објави дека суспендирале над еден милион профили поради „промоција на тероризам“ од 2015 година, тврдејќи дека нивните напори довеле платформата да е „непожелно место“ за повикување на насилство.
Во последниот извештај од јавен карактер, Твитер објави дека суспендирале 274.460 профили помеѓу јули и декември 2017 година „за прекршувања поврзани со промоција на тероризам“.
Бројката бележи пад за 8,4 отсто од известувањето за претходниот период и е втор последователен пад, се вели во изјавата на Твитер.
„Продолжуваме да ги следиме позитивните, значајни ефекти од со години напорната работа, што доведе нашиот сајт да е непожелно место за оние кои сакаат да промовираат тероризам, што резултира ваквите активност се повеќе да се оддалечуват од Твитер“, се вели во соопштението на Твитер платформата за пораки, пренесе АФП.
Твитер беше под притисок од владите ширум светот да се бори против џихадистите и другите што повикуваат на насилни напади, додека истовремено да одржува отворена платформа за слободен говор.
Во известувањето за последниот шестмесечен период, Твитер соопшти дека 93 отсто од суспендираните профили биле „означени со интерни, сопствени алатки“ и дека 74 отсто биле прекинати уште пред првиот твит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


