Девојчето Лусијана починала на Клиниката за инфективни болести во Загреб после кратко и тешко боледување. Погребот беше денеска на загрепските гробишта.
Тригодишната ќерка на 40 годишниот поранешен фудбалер, Јосип Шимуниќ и неговата сопруга Кристин Марие починала на загрепската Клиника за инфективни болести. Девојчето неодамна завршило на лекување.
-Во оваа прилика сакаме да упатиме искрено сочувство до семејството на Јосип Шимуниќ поради ненадоместливиот губиток по повод смртта на неговата ќерка Лусијана, која после кратка и тешка болест за жал на први април почина, изразија сочувство на пензионираниот фудбалер и неговото семејство колегите од здружението „Фудбалски синдикат”.
Јосип и Кристин Марие се венчаа во 2013 година во Загреб. Неколку месеци подоцна ја добија ќерката Лусијана, а на крајот на 2016 им се роди и син.
Шимуниќ од 2001 до 2013 настапуваше за хрватската репрезентација, а откако го одигра последниот натпревар за Динамо, беше помошник на тогашниот селектор на Хрватска, Анте Чачиќ. Откако замина од таа функција, се повлече од јавноста и се посвети на семејниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст