Дваесет и три годишниот Дејан Ц. на социјалните мрежи објавува дека вчера бил физички нападнат во близина на Транспортниот центар од поголема група на лица. Како што пишува момчето му биле нанесени тешки повреди затоа што бил Македонец.
-На ден 04.04.2018 (среда) ме пресретнаа 10-15 непознати Албанци и буквално ме претепаа во близина на Транспортниот центар во Скопје, притоа нанесувајќи ми тешки телесни повреди затоа што сум бил – Македонец. Сум можел да поминам и многу полошо, ми кажаа полициските службеници. Не е тоа проблемот, мене други прашања ме загрижуваат. Дали мене ми се ограничува слободата како нормален граѓанин на оваа (не)нормална држава? Дали ми се ограничува слободата на движење? Дали ми се ограничува начинот на изразување? Дали ми се ограничува тоа која националност ќе бидам и кои ќе бидат последиците…, прашува младото момче во статусот објавен на неговиот Фејсбук профил.
Дејан прашува кој треба да биде неговиот одговор на прашањето дали е Македонец и Албанец?
-Дали сограѓани Албанци планирате вака да градиме соживот во Македонија? Дали наместо добри реформи за да ја турнеме оваа мизерна земја напред, планирате да си удираме ќотек меѓусебе постојано? Не ме загрижува фактот за последиците од повредите кои ми беа нанесени, ќе поминат истите, порано или подоцна, но ќе остане еден црн белег, кој ќе ме потсетува на еден немил настан во животот и на нашето лошо општество кое владее.. Не е ниту тоа важно. Не сум единствен претепан, не сум ниту прв, но се надевам дека ќе бидам последен. Сакав да ги прашам родителите на насилниците Албанци. Како би се чувствувале вие, ако 15 луѓе се соберат и го претепаат до смрт вашето дете? Што ќе превземете? Како и да е…, пишува Дејан.
Уште една порака до сограѓаните кои решија токму мене да ме изберат како жртва на денот. Ве знам сите како изгледате, а очигледно и каде учите… Сепак, конфликтот кои вие го создадовте, јас нема да го решавам на ист, нецивилизиран начин како вас, туку ќе изнајдеме компромис преку судски процес, стои во статусот на момчето.
Од Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен е објавено дека околу 18.30 часот е пријавено е дека во парк на улица “Анастас Митрев“ во Скопје, поголема група непознати лица (на возраст од 16 до 18 години) физички го нападнале Д.Ц.(23).
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст