Граѓаните кои претураат по контејнери за да најдат пластика, картон или стакло ќе може истото да го работат истото само легално и наместо од контејнери овој тип на ѓубре ќе го собираат од пред домовите на граѓаните. Град Скопје ги внесува во формалниот систем, ќе носат униформа, а крајната цел е околу 1400 вакви собирачи да станат дел од ЈП Комунална хигиена.
Со ова Град Скопје сака прво “претурачите по контејнери” да ги внесе во сиистемот и да станат економски одржливи, да се зголеми новото на хигиена во градот, како и да нема повеќе луѓе по контејнерите туку отпадот директно да се собира од домовите на граѓаните. За реализација на оваа идеја Град Скопје потпиша Меморандум за соработка со ЈП “Комунална хигиена”, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Го грин” и Здружението Ромски бизнис информативен центар во Македонија со цел унапредување на соработката во управувањето со отпад.
– Со овој Меморандум се обврзуваме дека заеднички ќе дејствуваме и соработуваме во интерес на подобрено управување со отпадот, унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на Град Скопје. Дополнително со ова ќе се постигне формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно вработување во организираниот систем за управување со отпад, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Предвидено е и отворање на трета претоварна станица во Шуто Оризари. На граѓаните ќе им се понудат вреќи за отпад во кои ќе можат да го селектираат отпадот и да го оставаат пред своите домови, од каде што собирачите ќе го подигнат. Подигањето ќе се врши рачно од домовите на граѓаните, а ќе се користи и дел од инфраструктурата на ЈП “Комунална хигиена”. Лицата засега ќе немаат давачки кон Град Скопје.
Градската власт очекува системоткој ќе започне за еден месец комплетно да се имплементира до крајот на годината.
Извор Вечер.прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст