За кралската венчавка која ќе се случи следниот месец речиси и да зборува целиот свет, но јавноста како да е жедна и гладна секојдневно да дознава нови детали од приватниот живот на идната принцеза Меган Маркл.
Откако светот ги виде нејзините топлес фотографии, британските медиуми сега објавуваат и детали од нејзиниот претходен брак.
Медиумите пишуваат и дека таа немала да стане славна доколку не била во брак со продуцентот, а тие додаваат и дека продуцентот знаел дека Маркл се омажила за него поради интерес . Тој знаел дека ќе се разведат бидејќи таа кога заминала во Торонто со себе понела многу лични работи отколку што и останаа во домот во Лос Анџелес.
Како што пишуваат, Меган од секогаш сакала да стане славна, а сонот и се остварил во 2011 година кога се омажила за холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон.
Па веднаш потоа ја доби и улогата во серијата „Suits“, а две години подоцна му стави крај на бракот испраќајќи му ја бурмата на поранешниот сопруг по пошта.
Начинот на кој го оставила својот сопруг е спротивен од тоа што го изгради во медиумите откако започна да се забавува со Хари, завршуваат британските медиуми цитирајќи го поранешниот нејзин сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст