| четврток, 6 декември 2018 |

Маж од Градско се бори за живот на Токсикологија, испил апчиња и алкохол

Ч.П. (58) жител на Градско испил апчиња со алкохол и во тешка здраствена состојба во кома бил однесен во Клиниката за токсикологија во Скопје.

Како што информираат од СВР Велес, на 3 април годинава вечерта околу 19,30 часот од дежурниот лекар на Итна медицинска помош Велес кај нив било пријавено дека лицето Ч.П било донесено во тешка здравствена состојба предизвикана со испивање на поголема количина апчиња и алкохол. Тој бил во кома и веднаш бил упатен на лекување во Клиника за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека станува збор за 58 годишник од Градско кој е психички болен и непресметлив.Тој веќе еднаш си ја палел куќата, а по овој настан, според нив, треба да биде згрижен во соодветна установа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top