Драгослав Тодоровиќ Шиљо е српски режисер кој во Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја постави куклената претстава „Тоби“ по текст на Флоријан Зденек. Тодоровиќ го адаптираше и текстот на Зденек и го претвори во една специфична бајка. Во детската драма се читаат и откриваат навистина се уште актуелни проблеми кај луѓето – необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, дискриминација по различни основи, физички, социјални, расни итн. Но, пораката која ја испраќа оваа претстава е дека никој не треба да се кити со туѓи перја, бидејќи ќе биде смешен во очите на другиот.
Тодоровиќ третпат режира претстава во ТДМ и го познава дел од ансамблот на театарот за кој има само пофални зборови.
– Голема е честа еден театар да биде отворен со Ваша претстава. Мене тоа ми се случи со ’Силјан штркот шанца’ на Дејан Дуковски. Потоа во 2001 година го работев текстот на Горан Стефановски „Јане Задрогаз“ и сега куклената претстава „Тоби“. Огромно е моето задоволство да работам со овој ансамбл. Некако, се работи со жар, со веселба. Многу е лесно да се работи со овие глумци. Јас сакам покрај себе да имам соработници, а на извршители. Сакам глумци кои на основните идеи ќе предлагаат свои и на крај ќе дојдеме до заедничко дело. Претставата не е моја, таа е наша – вели српскиот режисер.
Според него, овој текст е многу интересен и за адолесцентите, кои кога се во тие луди, ’магарешки’ години ништо не им се допаѓа на нив – или имаат предолги нозе, или носот и ушите им растат…
– Нонстоп има едно незадоволство, се додека во одразот во огледалото, еден ден не ја видат својата личност. Не ликот, туку личноста! – објаснува Тодоровиќ.
Овој режисер својот работен век го посвети на театарот.
– Ако нема театар за деца, тогаш ќе нема ниту театар за возрасни. Од овој театар подоцна се регрутира публиката за театарите – вели режисерот кој на Факултетот за примената уметност во Белград предава кукларство на студентите по сценогарфија и костимографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст