Фудбалерите на Рома синоќа одиграа солиден натпревар, но беа поразени од Барселона со 4-1. По завршувањето на мечот имаше бројни коментари дека Римјаните требало да добијат два пенали, меѓутоа судијата не покажа на белата точка.
Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо после натпреварот порача дека неговите играчи, но и судиите им помогнале на фудбалерите на Барселона да слават толку висока победа на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
– Одигравме одличен натпревар, а доживеавме убедлив пораз. Ѝ помогнавме на Барселона со два автогола, но им помогна и судијата. Резултатот не е реален, но нема да се откажеме. Барселона е секако силен тим и мислам дека судиите не треба вака да им помагаат, изјави Ди Франческо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст