Жителите на Скопје од денеска до 21. следниот месец може да аплицираат за субвенции за набавка на печки на пелети.
Се надоместуваат дел од трошоците за набавка на печка во висина од 70 проценти, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Целта на повикот, што го објави денеска Град Скопје, е да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.
Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Огласот ќе трае заклучно со 21. следниот месец или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст