Фудбалската федерација на Македонија, во насока на развој на женскиот фудбал донираше опрема на 42 клуба од Првата лига и регионите во државата. Одлуката за донација за поздравија екипите и ја оценија како позитивен чекор, исто како и реактивирањето на женската репрезентација.
– Проектот за развој на младинскиот фудбал во женска категорија ќе биде поттик за девојчињата и тренерите. Ќе придонесе за нивно поголемо вклучување во фудбалот, а за тренерите и за селекторите ќе биде поттик за подигање на квалитетот на женскиот фудбал во Македонија. Сите ние кои сме вклучени во женскиот фудбал знаеме дека можеме да напредуваме и тоа ќе го потврдиме, изјави Снежана Трпевски, претседател и тренер на ЏИ-ЏИ Скопје.
Сличен е ставот и на стручњаците и фудбалските работници во женскиот фудбал.
– Дефинитивно мотив повеќе за девојките е тоа што е реактивирана женската А репрезентацијата на Македонија. Ќе продолжат да играат фудбал и да ја претставуваат Македонија, се надевам на многу подобар начин, изјави Астрит Мерко, тренер на АС Јунајтед и селектор на Македонија до 19 години.
Со одлука на Управниот одбор на ФФМ, женската А репрезентација повторно е реактивирана, а прифатен е и предложениот проект за развој на женскиот фудбал. Од следната натпреварувачка сезона е донесена одлука и за формирање младинска лига за девојчињa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст