Веќе подолго време се зборува дека активниот јаглен е чудотворец за човековото тело. Уште од античко доба, Египќаните и Грците го користеле како лек, а неодамна тој повторно стана популарен.
Луѓето веруваат дека консумирањето на активен јаглен во облик на таблета, прав или течност му помага на телото да се ослободи од разни отрови. Но, прашање е колку активниот јаглен е навистина благотворен за телото, во кои количини е здраво да се консумира и кои се последиците од неговото секојдневно користење.
– Иако активниот јаглен има многубројни медицински предности, луѓето треба да бидат внимателни со неговото користење во секојдневниот живот. Во организмот тој на себе врзува разни хранливи материи, па така луѓето кои секојдневно го користат можат да направат само штета – предупредува австралиската нутриционистка Фиона Так.
Так напоменува дека луѓето често не ги земаат предвид нуспојавите од земањето на активниот јаглен како што се мачнини, дијареа и повраќање. Исто така, вели дека активниот јаглен никако не смеат да го користат луѓе за време на користење на други лекови бидејќи тој го намалува нивното дејство, пишува „24сата.хр“.
– Ако активниот јаглен се наоѓа во смути или некој природен сок, нутритивната вредност на таа храна е сведена на нула – предупредува нутриционистката.
„Јагленот е фантастична помош за луѓето кои се отруле од храна, а во болниците често се користи и кај труењето со алкохол, бидејќи за себе ги врзува отровите од телото и го сопира нивното дејство“, објаснила Фиона Так.
slobodenpecat.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст