| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци кои укажуваат дека тешко ќе забремените

Научниците тврдат дека постојат рани знаци кои можат на време да ве предупредат на потенцијална неплодност или на одредени фактори на ризик кој може да ви ја отежне намерата да добиете дете. Многу парови ги немаат овие симптоми, но ако се наоѓате меѓу нив, мора да посетете лекар. Неплодноста се дијагностицира после долги безуспешни обиди жената да забремени. Ако жената е постара од 35 години, а се обидува да забремени помеѓу 6 месеци до година дена, најверојатно станува збор за неплодност.

1.Неправилни менструални циклуси

Менструацијата може да биде неправилна само на почетокот бидејќи на телото му се потребни неколку години да се прилагоди и усклади со темпото на созревање, но во текот на годините циклусот треба да стане уреден и потполно правилен. После тинејџерските години, неправилниот циклус треба да ви запали црвена лампа бидејќи може да означува проблеми со овулацијата, а со самото тоа и со неплодност. Би требало да поразговарате со лекар доколку вашите циклуси се многу кратки или многу долги, и доколку растојанието помеѓу циклусите се необично долги (подолги од 35 дена). Исто така, треба да разговарате со лекар и доколку немате менструација. Постојат повеќе причини зошто може да имате неправилни менструации, една од нив се полицистични јајници, кои денес ги има секоја втора жена. Други причини може да бидат дисфункција на тироидната жлезда, ниска телесна маса, прекумерно вежбање, запушени јајцеводи…

2.Премалку/Претерано крвавење и грчеви во текот на менструацијата

Нормалното крвавење трае од три до седум дена, а се’ што е помалку и повеќе од тоа укажува на некој здравствен проблем. Доколку вашите крвавења се интензивни и трпите силни болки, значи дека мора да посетите лекар. Останатите симптоми кои може да укажуваат на неплодност се: -значајни промени во количината на крвавење -значајни промени во времетраењето на крвавењата -тешки менструални грчеви -невообичаено временско растојание помеѓу два циклуса Силните болки кои го отежнуваат секојдневното функционирање може да бидат знак за ендометриоза или инфламаторни (воспалителни) болести на карлицата, а двете можат да предизвикаат неплодност. Двете болести во текот на времето се влошуваат, па затоа е неопходно да се бара лекарска помош.

3.Посебно внимавајте ако сте постари од 35!

Плодноста кај мажите и жените опаѓа со годините, а ризикот од неплодност се зголемува кај лица постари од 35 години и продолжува да расте со секоја следна година. Жена од 30 години има 20 проценти шанси да зачне секој месец, а жена од 40 години има само 5 проценти шанси. Жените постари од 35 години имаат и поголеми шанси да добијат спонатн абортус. Иако мажите го тврдат спротивното, сепак годините влијаат и врз нивната плодност, иако не толку драстично како кај жените. Здравјето на спермата кај мажите постари од 35 години е загрозено, па нивните деца имаат поголеми шанси да заболат од шизофренија или да развијат аутизам.

4. Плодноста на партнерот

Симптоми на неплодност кај мажите не се секогаш така јасни и препознатливи, обично станува збор за намален број на сперматозоиди или намалена подвижност на спермата. Ова може да се утврди само со детална лекарска анализа. Еректилната дисфункција е очигледна причина за неплодност.

5. Телесна маса

Дури и телесната маса игра голема улога во неплодноста, прекумерната тежина доведува до големи здравствени проблеми и има големо влијание врз системот на органите за репродукција. Едно истражување открило дека дебелите лица имаат 5% до 10% помали шанси да добијат дете, а на тоа треба да се додаваат и годините во кои се партнерите. Освен прекумерната телесна маса врз неплодноста влијае и тоа ако килажата ви е премала, особено кога станува збор за мажите. Слабите мажи имаат помала концентрација и број на сперматозоиди, а дебелите мажи имаат пониско ниво на тестостерон и помала количина на сперма.

6. Спонтан абортус

Неплодноста е обично поврзана со неможност да се затрудни, меѓутоа, на жените кои доживуваат повторувачки спонтани абортуси, исто така им е потребна лекарска помош за да затруднат. Спонтаните абортуси се случуваат во 10 до 20% од бременостите, а повторувачкиот абортус не е честа појава. Само еден процент од жените ќе доживеат три спонтани абортуси по ред. Ако сте имале два абортуси едно по друго, задолжително разговарајте со вашиот лекар.

7. Хронични болести

Хроничните болести, како и нивните третмани, можат да доведат до проблеми со плодноста. На пример, дијабетес, нелечена целијакија, пародонтлални заболувања и хипотироидизам може да го зголемат ризикот од неплодност. Понекогаш и самите третмани за хронични болести може негативно да влијаат на плодноста. Инсулинот, антидепресивите и тироидните хормони може да доведат до неправилни циклуси. Тагамент (циметидин), лек кој се користи за лекување на пептички улкуси и некои лекови за хипертензија (висок крвен притисок) може да бидат причина за машка неплодност. Овие лекови може да предизвикаат проблеми со производството на сперматозоиди или со нивната способност да ја оплодат јајце клетката.

8.Претходни канцери

Некои третмани на рак може да доведат до проблеми со плодноста. Ако вие или вашиот партнер сте поминале низ период на лекување од карцином, особено
радиотерапија која е во близина на репродуктивните органи, се препорачува одење на лекар за проблеми со плодност.

9.Историја на полово преносливи болести

Полово преносливите болести може да бидат причина за неплодност. Инфекција и воспаление од кламидија или гонореја може да предизвикаат блокада на јајцеводите. Ова може да довде до неплодност или до вонматерично оплодување. Истото важи и за мажите. Полово преносливите болести може да доведат до лузни во внатрешноста на машкиот репродуктивен систем, правејќи го преносот на семето неефикасен или дури и неможен.

Кламидијата и гонорејата обично не предизвикуваат забележливи симптоми кај жените, па важно е редовно да се оди на лекарски анализи. Голем број сексуално преносливи инфекции се без симптоми кај жените. Може да се чувствувате добро додека болеста нечујно предузвикува штета врз вашите репродуктивни органи.

10.Пушење и алкохол

Лошите навики, како што се цигарите и алкохолот може да ја отежнат намерата жената да забремени. Пушењето негативно влијае врз бројот, обликот и подвижноста на сперматозоидите. Пушењето е исто така тесно поврзано со еректилната дисфункција. Кај жените, пушењето може да го забрза процесот на стареење на јајниците, што доведува до рана менопауза. Добрата вест е дека ако доволно рано престанете со пушење, можете да ја сопрете штетата. Алкохолот предизвикува проблеми со плодноста, како за мажите, така и за жените. Неколку студии велат дека неколку пијалаци седмично нема да предизвикаат никаква штета, но прекумерното пиење е поврзано со понизко број, лоша подвижност и неправилен облик на сперматозоидите.

11.Токсични хемикалии на работа

Ако вашата работа вклучува блиски контакти со токсични хемикалии, можеби ќе имате поголем ризик од неплодност и намалено здравје на сперматозоидите. Токсичните хемиски контакти или високите топлотни услови бараат големи мерки на
претпазливост.

12.Висока температура

Високите температури се лоши за спермата, помеѓу останатото затоа што лекарите препорачуваат носење на удобна, памучна долна облека, која помалку ја подига температурата на телото. Ова посебно се однесува на мажите.

Извори на топлина кои можат да влијаат врз спермата:
-топли бањи
-седење со прекрстени нозе
-седење со лаптоп во скут
-седишта со греење

Ефектите кои топлината може да ги има врз репродуктивниот систем, може да бидат подолготрајни отколку што си мислевте. Една студија која ги следела мажите кои двапати седмично оделе во сауна, покажала намалување на бројот на подвижните сперматозоиди, како и повеќе сперма со оштетена ДНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top