| четврток, 6 декември 2018 |

Свингери обинети за убиство на манекенката: Се сексавме со Ивана, но не ја убивме

Кон крајот на минатата година голото тело на 18-годишната манекенка Ивана Смит беше пронајдено на балкон на шестиот кат на зградата во Куала Лумпур. Ноќта пред смртта темнокостата убавица ја поминала забавувајќи се со брачен пар кој последен ја видел жива. Нивниот стан се наоѓа на сваесеттиот кат во истата зграда, а ситражителите заклучиле дека само од нивниот балкон можела да падне на оној на шестиот кат.

Ивана пристигнала во Куала Лумпут две недели пред смртта за да настапува на ревија. Во нејзиното тело се пронајдени алкохол, амфетамини и екстази, но истрагата околу смртта на девојката се уште е во тек.

Сигурносните снимки ги откриваат шокантните последни моменти на манекенката која е пронајдена гола и мртва!

По неколку месеци молчење богатиот американски трговец со криптовалути Александер Амад Џонсон и неговата сопруга Луна одлучиле да проговорат за кобната вечер. Тие тврдат дека вечерта имале секс со девојката, која доброволно стапила во односи со нив.

Приказната за смртта на Ивана доби морничаво продолжение – пред смртта се забавувала со овој свингерски пар!

На снимките од безбедносните камери се гледа дека во зградата влегуваат во пет часот наутро, пет часа пред да биде мртва.

-Ни кажа дека има 26 години, тврдат 44-годишниот Алекс и 31-годишната Луна, кои објаснуваат дека имаат отворен брак. Тврдат дека не знаат што се случило со девојката после сексот, уверени се дека падот е несреќен случај. Засега истрагата не може да докаже дека Ивана е убиена. Оградата на балконот е висока околу еден метар, а на неа се најдени отисоци од стапалата на Ивана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top