Една од најмоќните жениво светот на модата, 68-годишната Ана Винтур си заминува од уредничкото место во престижниот американски моден магазин „Вог“. На ова место стапила пред 30 години. Ана планира да го напушти Вог летово иако компанијата “Condé Nast”, чијашто сопственост е „Вог“ остро ги отфрли сите гласини.
Меѓутоа, неодамна се појавија и нови гласини дека на нејзино место пристигнува Едвард Енинфул, уредник на британскиот Вог кој на таа позиција ја замени Александра Шулман по 25 години.
Едвард оваа ласкава позиција ја презема во 2017 година, по уредување на списанијата “i-D” и “W Magazine”, а веќе со првата насловна страница покажа дека сериозно ја сфаќа својата нова работа.
Имено, со ставањето на проблематичната манекенка Адвоа Абоа на насловната страница, Енинфул покажа дека не планира да молчи за проблемите на расната дискриминација во модниот свет.
Со тоа, Едвард ја зголеми својата листа на селебрити пријатели поради што е многу влијателен во модниот свет, па затоа не е чудно доколку тој навистина ја замени големата Ана.
Винтур наводно треба да ја напушти оваа позиција по венчавката на својата ќерка Би Шафер и нејзиниот партнер – режисерот Франческо Карозини, син на починатата уредничка на италијанскиот Вог и блиска пријателка на Ана – Франка Созани.
Во текот на својата кариера, Ана го промени светот на модните едиторијали и помогна големи имиња како Марк Џејкоб и Александер Меквин да се пробијат, иако Александра Шулман ја носи титулата на најуспешна уредничка на Вог на сите времиња поради одличната продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст