
Убавата хрватска пејачка Ана Бебиќ, која се прослави со шоуто Операција триумф, вели дека ужива во бракот, но има потешкотии во бременоста. Ана е во брак во ИТ експертот Иван со кого живее во Белград, каде ја гради својата музичка кариера. Во меѓувреме бременоста ја доживува мноу емотивно.
– Навистина е друга состојба. Некогаш ми е жал што воопшто не бев психички подготвена на тоа. Луѓето велат дека блажената состојба е нешто во што ќе уживате, а тогаш сфаќаш дека не можеш да одиш, се те боли, не можеш да јадеш. Никој всушност до крај не ве подготвува за тоа. Потребно е да се подготвите и психички и физички за првите три месеци со мачнини, но сега е супер, вели Ана за српските медиуми.
Таа додава дека е многу емотивна и дека има периоди кога многу плаче, како што вели, плаче за секакви глупости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


