
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе се сретнат во Охрид. Коѕијас ќе допатува во Охрид од Белград, а претходно ќе ја посети и Приштина, пренесува МИА.
Ова ќе биде втора посета на Коѕијас на Македонија во последните дваесеттина дена, а трета средба на двајцата министри во истиот период. Шефот на грчката дипломатија беше во Скопје на 23 март, па седум дена подоцна, на 30 март, Коѕијас и неговиот македонски колега Димитров се сретнаа во Виена.
По таа повеќечасовна средба во австрискиот главен град посредникот Метју Нимиц рече дека има напредок во разговорите за името, но дека се уште постојат потешкотии кои треба да се надминат во натамошните разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


