
Германски државјанин на автопат во Баварија си ги заборавил своите две ќерки, пишуваат германските медиуми. Како што се наведува во написите, тој со девојчињата патувал кон езерото Гарда по повод велигденските празници, а неговата сопруга останала дома.
– Бизарна ситуација се случила на бензиска пумпа. Девојчињата отишле до тоалетот, а кога се вратиле, го немало ни автомобилот ни татко им. Девојчињата го знаеле домашниот телефонски број и успеале да стапат во контакт со мајката, преку која дошле и до мобилниот телефонски број на таткото, наведуваат медиумите.
Полицијата ѕвонела 48 пати кај несовесниот татко, кој не се одѕвал на повиците, а веќе се наоѓал во Австрија, на 170 километри оддалеченост. Пред полицијата, на сослушување мажот изјавил дека не забележал оти неговите ќерки не се во автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


