
Косово денеска официјално и врачи жалба на Албанија поради воведувањето патарина на автопатот што ги поврзува двете земји. Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај му ја врачи жалбата на албанскиот амбасадор во Приштина Кемал Минџози.
Сто и десет километри долгиот автопат Тирана – Кукс – граничен премин Морина (на границата со Косово), наречен „Патот на нацијата“, се користи активно како од транспортни фирми, така и од бројни туристи од Косово. Воведената патарина се движи од 2,5 до 22,5 евра.
Автопатот е даден на 30-годишна концесија на меѓународен конзорциум, кој ќе се грижи за одржување на патот и собирање на таксите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


