| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежанец пронајден мртов во Битола

Државјанин на Норвешка вчера бил најден мртов во неговиот стан во Битола. За да се утврдат причините поради кои настапила смртта, телото на починатиот маж е предадено на обдукција.

Според МВР, се работи за А.М. (71) од Норвешка кој живеел во стан на улица „Тодор Скаловски” во Битола.

По целосно завршување на анализите од обдукцијата ќе се знаат и причините за смртта.

Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top