| четврток, 6 декември 2018 |

Не фрлајте го овој дел од младиот лук – ги брише брчките

Сезоната на млад лук е во ек, пазарите се преполни со ова лековито растение. Лековитите својства на лукот ги знаеме добро, но она што често го правиме, а е грешка, е што ги фрламе перцата од лукот, а токму тие ги поттикнуваат антивоспалителните дејства во организмот.

Го штитат срцето – Перцата се богати со антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетувањата пто ги предизвикуваат слободните радикали. Освен тоа, младиот лук го држи во нормала притисокот и го намалува ризикот од тромбови

Вид – Содржат витамин А, важен за производство на протеинот во очите заслужен за добар вид. Кај луѓето кај кои има недостиг од овој витамин се јавува ноќно слепило.

Ги зацврстува коските – Витаминот Ц во младиот лук е добар за заштита на коските Само едно лукче содржи 20 проценти од препорачаната дозна витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се многу важни за коските.

Убава кожа – Верувале или не, лукот го потпомага создавањето колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот го забавувања создавањето брчки на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top