| четврток, 6 декември 2018 |

„Знам што ми направи“ – заспала мирно до најдобриот другар – се разбудила со болки и трауми

Ејнџел Робертсон (21) од Дарма во Англија излегла во локален паб со најдобриот другар и неговите сестра и мајка, а подоцна во текот на вечерта само со него отишла дома кај него за да преспие. Кога се разбудила, имала силни болки и се посомневала дека е силувана.

Три години по инцидентот Ејнџел решила да ја сподели приказната. По забава во паб, Далас Хоџсон (30) ѝ понудил на Ејнџел да преспие кај него, зашто неговата куќа била во близина на пабот каде што биле излезени. Без сомнеж се согласила, зашто се дружеле долго време и му верувала. Легнала облечена покрај него, тој веќе спиел, но се разбудила утрото со силни болки и се посомневала дека е силувана.

„Знам што ми направи“, му испратила порака кога си заминувала од неговиот дом.

Го пријавила во полиција, а тој таму признал дека сексуално ја допирал, но одрекнал дека ја силувал. Сепак, гинеколошкиот преглед потврдил дека е силувана.

По 22 месеци одрекување, на крајот признал дека ја силувал и е осуден на 6 години и 4 месеци затвор, објави Метро.

Ејнџел продолжила со живото, се омажила и веќе има дете.

-Ми беше тешко повторно да верувам некому. Се уште не можам да заспијам во туѓа куќа. Имам трауми, но не можам да го поминам остатокот од животот во страв, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top