| четврток, 6 декември 2018 |

Филип е дипломиран правник, но работи како келнер: Шест години факултетската диплома ми виси на ѕид во дневна

Многу Македонци, домовите си ги имаат разубавено, со закачени факултетски дипломи на ѕид. На некои им се вклопуваат во енетриерот, на некои не, но сепак на многу од нив местото им е таму. Филип, е дипломиран правник. Нема работа во струката, но има работа како келнер. И тоа е професија вели тој. И таму можеш да заработуваш за да преживееш, пишува Скопјеинфо.

Тој е вреден и не се жали. Се надева дека еден ден ќе биде правник. Кога ќе се погледне во огледало се гледа како адвокат, но во некои подобри времиња.

– Иста како мојата судбина ја имаат многу млади во Македонија. Некои седат дома и чекаат работа, според струката, некој работи што ќе стигне. Не осудувам никого. Секој си знае за себе. Јас не сум од они кои можат да седат дома. Морам да чепкам нешто. А факултетската диплома, за жал, веќе шест години ми виси дома во дневната на ѕид закачена. Направена и ставена во убава стаклена рамка. Се надевам еден ден ќе ја извадам од таа рамка, со горчлива насмевка раскажува Филип.

Неколку пати тој до сега наоѓал работа како правник, но за многу бедни пари.

– Знам ќе работам во струката, но, не за бедни пари. Во келнерството во Скопје има повеќе пари, отколку во правото, вели тој.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top