| четврток, 6 декември 2018 |

Двејн Џонсон бара спас од депресија

Тој моментално е втор на листата на најплатени машки глумци, делува буквално како карпа и како личност која ништо не може да го допре.

Меѓутоа, тој проговри за својата борба со психичките проблеми и ги повика фановите да зборуваат доколку нешто ги измачува, порачувајќи им дека не се сами во тој процес.

Ѕвездата од продолжението на филмот “Џуманџи”, кој минатата година заработи неверојатни 65 милиони долари, откри дека во неговиот живот не е баш се како што треба, така што и тој има свои семејни проблеми како и сите “нормални” луѓе. Имено, тој откри дека се борел против депресија, откако неговата мајка Ата Џонсон се обидела да изврши самоубиство.

“Бев во фаза кога не сакав да излегувам, ниту да правам нешто. Само плачев”, вели 45 годишниот Двејн и изјави дека тој и неговата мајка се опоравиле и излегле како победници од оваа битка.

“Ние двајца сме добро. Нашите рани се излекувани, но важно е да обрнеме внимание на другите кои имаат вакви проблеми и да им помогнеме. Важно е да знаат дека не се сами, дека имаат на кој да се потпрат”.

Славниот глумец исто така им се заблагодари на фановите за поддршката.

“Добивав многу пораки со зборови за поддршка и Ви благодарам за тоа. Сите ние имаме битки, секој се бори се некој свој демон, депресијата не дискриминира, таа може да го погоди секој. Ми беше потребно многу време за да сфатам, но клучот е во тоа дека треба да се отворите. Ние мажите често знаеме да чуваме работи во себе, а не треба така. Важно е да знаете – не сте сами!”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top