Вчера беше откриен и редоследот на земјите учеснички кои ќе настапуваат во двете полуфинални вечери. Македонија е 11. по ред. Пред нас настапува Бугарија, а после нас Хрватска.„Ај кју“ е бендот кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Лисабон со песната „Lost and found“.
Извршниот продуцент на шоуто, Јон Ола Санд, го објави редоследот по кој земјите учеснички ќе се претстават на 63. издание на популарниот музички настан во Лисабон, Португалија. Земји што имаат директен пласман во финалето се Шпанија, Велика Британија и домаќинот Португалија, кои ќе гласаат во првото полуфинале и Италија, Германија и Франција кои ќе имаат право на глас на втората полуфинална вечер.
Македонија се нема пласирано во завршницата на Евросонг од 2012 година кога тоа ѝ успеа на Калиопи со темата „Црно и бело“. Годинава наш адут е триото „Ај кју“ со композицијата „Lost and found“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст