-Иако сме од Ирак ова за нас е значајна вечер. Многу се радуваме на влезот на Хрватска во ЕУ, бидејќи конечно ќе можам да добијам работна дозвола и да работам низ Европа, да работам за што сум учен, експерт за изработка на софтвер. Иако сме во Хрватска веќе година дена, дојдени како бегалци од Багдат, Ирак, а во меѓувреме ги добивме сите хрватски документи, немам работа. Но тоа не е заради дискриминација, туку нема работа ниту за хрватските инженери. Од утре ќе можам да барам работна дозвола за Финска, Литванија или каде сакаме. Многу сум среќн но и тажен, бидејќи во Загреб ни е многу убаво, го пренесуваат хрватските медиуми 26-годишниот Ахмед Хусеин кој што заедно со сопругата Сара Ал Самара слават на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб.
Интересно, но Ахмед и Сара не се политички, туку љубовни бегалци, откако семејствата им ја забраниле љубовта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


