Владата на Австрија планира да забрани девојчињата од муслиманска вероисповест да носат марами во градинките и основните училишта, соопшти денеска австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата, Хајнц- Кристијан Штрахе.
Според него, ваквата одлука се носи со цел на „двојчињата до 10-годишна возраст да им се овоможи непречен развој“.
– Забраната за носење марами во градинките и училиштата би придонела за подобра интеграција на децата- додаде Штрахе.
Плановите на Владата ги потврди и австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој нагласи дека е покрената иницијатива за изготвување на „соодветен закон“ посветен на заштита на децата.
Според Курц, таквата мерка е корисна бидејќи на тој начин ќе се спречи „развој на паралени општества“ во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.