Неименуван Германец ги оставил двете ќерки на бензинска пумпа на автопатот А-8 кај Холцкирхен и мирно го продолжил патувањето не забележувајќи дека децата не се во автомобилот.
Ги понел ќерките, стари 14 и 10 години, за велигденските празници на езерото Гарда Мајката на девојчињата останала дома мислејќи дека таткото ќе се грижи за севата.
На пумпата наточил гориво, а девојчињата отишле во тоалетот. Меѓутоа кога се вратиле, животот им преседнал: од таткото ни трага ни глас.
Работниците на пумпата веднаш реагирале, ги згрижиле девојчињата и ја известиле полицијата. И тука почнува хаос: бидејќи малечките не го знаеле бројот на мобилниот од таткото, го дале домашниот број. Таму се јавила мајката, на која за малку ќе и запрело срцето кога сфатила дека децата се сами и незаштитени некаде на автопат во Баварија.
Само што го дала мобилниот број на полицијата, тука почнува ново лудило зошто точно 48 пати му ѕвонеле пред да се јави. И не само тоа, туку веќе бил навлезен во Австрија, 170 километри далеку од бензинскат пумпа каде што ги оствил децата. Најлошо од се е што не забележал дека децата не се во автомобилот.
Секако дека експресно се вратил по нив, но полицијата се уште размислува дали да поднесе пријава против него или да го пушти да се извлече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст