| четврток, 6 декември 2018 |

Опасната болест ја закачил во градинка: Нашиот син (3) крена температура, му беше лошо, а по 12 часа почина во тешки маки

Хектор Киркам (3) од Ланкестер е одведен во болница откако е утврдено дека е заразен со менингококна сепса, но за жал ја изгуби битката со животот.

Неговите пријатели по смртта одлучија да ги предупредат останатите родители и нивната трагична приказна да ја споделат на социјалните мрежи.

-Хектор беше совршен во секој поглед, тој беше сиот наш свет, наш најдобар пријател. Состојбата брзо му се влошила откако добил менингококна сепса. Симптомите во вид на мачнина и висока температура се појавила на само 12 часа пред да го загубиме. Ги предупредуваме сите родители да бидат внимателни и да ги следат знаците кои може да доведат до менингитис и во случај да забележат нешто да не чекаат ниту момент, туку веднаш да го одведат на лекар, изјави ожалостената мајка Шарлот.

На децата и на вработените во градинката во Ланкестер сега им се понудени антибиотици, но како што велат од болницата, „ризикот од уште еден случај од овој тип сега е спуштен на минимум“.

-Менингококниот менингитис не се шири така лесно. Како мерка на претпазливост, на децата и вработените им се понудени антибиотици за да ја смалиме шансата бактеријата која го носи вирусот да допре до нив, стои во известувањето.

Менигококниот менингитис е инфекција предизвикана од бактеријата Neisseria meningitidis која може да предизвика воспаление на мозочната кора и кората на рбетниот мозок.

Симптомите се:

Кожни крварења (петехии), висока температура, силна галвоболка, општа лоша состојба, повраќање и мачнина, вкочанетост на вратот, чувствителност на светлина, промени во менталниот статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top