По грозничавата потрага, шестгодишниот Филип Б. е пронајден на четири клиометри низводно од местото каде паднал во Бањска река.
Лекарите направија се, но му немаше спас. Шестгодишниот Филип Б. кој пред два дена се удави во Бањска река во Сијаринска Бања, е погребан вчера на гробиштата во Медвеѓа. На последното простување од трагично настраданото дете присуствуваа семејството и голем број роднини и пријатели. Трагедијата се случи во понеделникот околу 17.30 часот кога детето паднало во надојдената река додека си играло со другарчето. Како што се утврдило, Филип настрадал во обид да спаси куче кое пред тоа паднало во реката.
Си играл со другарчето
-Филип си играл со другарче од соседството. Мајката го пуштила да биде сам со другарчето половина час во дворот, меѓутоа децата се искарале и отишле на блискиот кеј, а со себе го понеле и кученцето, раскажува соседката на несреќното семејство.
Како што вели таа, во текот на играта, во вода паднало кучето кое децата го зеле со себе.
-Филип тргнал по него, но веројатно се лизнал и паднал. Мајката на Филип излегла од куќата по 15 минути. Кога видела дека децата ги нема, тргнала кон реката. Таму го затекнала другото дете како оди покрај водата. Тоа рекло дека Филип паднал во водата и дека тој го бара. Жената се фрапирала, вели низ солзи пријателката на семјството на настраданото дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст