| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби зетот на Борис Тадиќ

Во возило „фиат“ во Белград е пронајдено тело на маж кој извршил самоубиство со пукање во слепоочницата. Српските медиуми наведуваат дека се работи за зет на експретседателот Борис Тадиќ.

Како што пишуваат медиумите во Србија починатиот имал сериозни здравствени проблеми и можно е животот да си го одзел токму поради болеста. Други изводи наведуваат дека имал и одредени проблеми на работа.

Лицето со иницијали М.Р., кое изврши самоубиство, било во брак со постарата сестра на поранешниот претседател на Србија, Тадиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top