| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до власта: Немојте да го растурате она во што државата имаше најмногу успеси!

Владата на СДСМ има план на постепено зголемување на даноците и придонесите. За тоа ја имаат известено Светската Банка уште во првите недели откако влегоа во владата. и тоа лично министерот за финасии. При тоа нагласил дека тоа ќе го прават постепено. Во предизборниот период срамежливо и речиси неприметно говореа дека ќе се воведе прогресивен персонален данок на доход и дека за посиромашните ќе се намалел данокот, а за побогатите ќе се зголемел. Дури и објавуваа некакви бројки од типот од 10 на 9 за оние со помали приходи, и од 10 на 11 за оние со поголеми приходи. И толку. Чиниш незначителна и симболична промена. Но , по изборите нова песна. Таа старата песна беше за гласачите да им дадат гласови, а новата, за гласачите да им дадат пари, одкако веќе ги добија гласовите. Ова на Фејсбук го објави поранешниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски предупредувајки дека власта е на пат да го сруши она во што државата имаше најмногу успеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top