Полицијата во Северна Калифорнија потврди дека добиле прихава за инцидент со вооружен напаѓач во седиштето на компанијата Јутјуб. Засега нема информации за мртви или повредени.
Огнени истрели биле пријавени од страна на вработените на компанијата во Сан Бруно, јужно од Сан Франциско. Возила на итната медицинска помош се на местото на настанот, а властите ги предупредија граѓаните да ја избегнуваат таа област.
Непотврдени извештаи од локалните медиуми велат дека напаѓачот е жена, иако на социјалните мрежи циркулира фотографија од маж, за која се вели дека е направена од камера во лифт на зградата.
Во седиштето на Јутјуб работат околу 1.700 луѓе. Гугл вели дека се координира со властите и оти ќе даде повеќе информации кога тоа ќе биде можно.
Вработените во компанијата по социјалните мрежи велат дека иако поголем дел од нив во паника ја напуштиле зградата, сепак, некои од нив останале забарикадирани во некои простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст