
Ние можеме да се договориме за се што е од интерес на граѓаните и Република Македонија. Компромис надвор од моите принципи, јас како човек не правам. Немам животни концесии према никому, освен можеби кон моите родители, кои што ме воспитале – истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека се што прави таа партија е заради нужните потреби од реформи во општеството.
Појасни дека партијата учествувала во 90 отсто од реформите и оти нивните предлози ги подобриле содржината и квалитетот на реформите.
-Таков беше случајот во Законот за заштитени сведоци, таков беше случајот во Законот за ОТА и следење на комуникациите, таков беше законот за следење на реформи во судството, таков беше Законот за аудио и визуелни услуги, таков ќе биде нашиот придонес и во изготвување на новиот Изборен законик кој што треба да биде усвоен некаде во септември – октомври, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


