| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Македонскиот идентитет и јазикот се стекнато право

Не смееме да влеземе во замката да излеземе од процесот на преговори со Грција, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма.

Тој додава дека Обединетите нации ни се неопоходни зошто се гарант на целиот овој процес. Притоа рече дека со ова се одлучува за иднината на генерации луѓе и однесувањето и пристапот во овој процес мора да биде сериозен и државнички, а не да се изведуваат некои егзебиции.

Во врска со идентитетот и јазикот Мицкоски е многу јасен и вели дека идентитетот и јазикот се стекнати права.

-Македонскиот идентитет и јазикот се стекнато право. Во личната карта во ОН пишува многу експлицитно каков е јазикот и е преведен на 6 јазици. И точно се знае и идентитот како е дефиниран таму. Јас ниту чувствувам дека го добивам или го губам, а ниту па некој што се занимава со политика добива или губи. Ова не го прават храбри политичари ова го прават мудри политичари и вешти политичари. Тие победуваат на крај и мотивирани да направат максимум за интересите на сопствената држава, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top