| четврток, 6 декември 2018 |

Судот пресече, Касами останува на чело на БЕСА

Основниот суд Скопје 2 го отфрли барањето на неформалната група за регистрација на движењето Беса. Судот и официјално го даде легитимитетот на структурите на движењето Беса, изјави денеска Биљал Касами, претседател на движењето Беса.

Според него, Основниот Суд Скопје 2 го отфрлил барањето на другото крило во Беса, не чие чело е Африм Гаши.

– Движењето Беса е едно, а тоа сме ние. Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците, изјави Касами и ги повика сите, како што рече, манипулирани членови да се вратат до партијата каде им се отворени вратите.

– Ги повикуваме сите медиуми, во иднина за време на сите јавни настапи поврзани со движењето Беса да знаат дека нашата адреса е тука, бидејќи нема и не може да има два политички субјекти. Има само еден, а тоа сме токму ние. По конгресот одржан на 24 февруари, го заокруживме процесот на формирање на партиските органи и сме убедени дека во иднина уште посилно ќе доминираме на политичката сцена, како политички субјект со јасна политичка визија, без хипотеки и со духот на една елита на млади интелектуалци кои веќе се идентитетот на движењето Беса, порача Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top