Илјадници Египќани демонстрираат низ градовите на државата, а центарот на Каиро е преполн барајќи оставка од претседателот Мохамед Морси и предвремени избори. Тој е обвинет дека не успеал дасе справи со економските и безбедносните проблеми. Демонстрантите извикуваат „Замини! Замини!”‘, а во Александрија се собрале исто така многу луѓе во центарот на градот.
Голем број луѓе ноќта ја поминале на плоштадот „Тахрир”, истиот на која го симнаа од власт Хосни Мубарак. Демонстрациите се на првата годишнина од претседателствувањето на Морси, а неговите критичари тврдат дека ја ставил исламистичките агенда на Муслиманските браќа пред интересите на земјата.
Војската и полицијата се распоредени на клучни точки низ земјата, особено кај Суецкиот канал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


