Легендарната фигура на современиот танц и првиот човек на Националниот театар на танцот Шајо во Париз, Дидие, Дешан ќе биде прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје-Париз-Есен-Ротердам.
Церемонијата на прогласувањето, со пригодна беседа на ректорот Јордан Плевнеш, ќе се одржи на 04.04 2018 година со почеток во 11 часот, во Аулата на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Како што е познато, ова признание по плејадата врвни француски имиња како Клод Лелуш, Шарл Азнавур и Жан Клод Кариер , му се доделува на Дидие Дешан за неговата исклучителна уметничка аванатура по сите светски меридијани.
Неговата беседа која го објаснува феноменот на танцот од антиката до денес, ќе биде објавена во специлјалната едиција на Универзитетот под наслов „Современиот танц универзална игра во лицето на светот.“ Во соработка со Наша ТВ ќе биде подготвен и документрен филм за овој истакнат уметник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст