Во пукотници во Лондон во два одделни случаја загина 17-годишна девојка, а едно 16-годишно момче е сериозно повредено, објави Би-би-си. Тинејџерката синоќа била пронајдена со рана од куршум во Тотенхем, при што била констатирана смрт.
Момчето, пак, било пронајдено со прострелни рани од огнено оружје, претходно во Волтамстоу, со друго 15-годишно момче, кое имало убодни рани од нож.
Пукањето се случува во моменти на загриженост поради зголемениот насилен криминал и сè почестите пресметки со огнено оружје. Полицискиот кордон сè уште е на местото на пукањето, каде што девојчето било најдено мртво. Локален жител, кој не сакаше да биде именуван, рече дека слушнал повеќе истрели, што звучело како експлозија на бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст